Со камен тежок неколку килограми е скршено задното ветробранско стакло. Со спреј во црвена боја се ишарани стаклата и каросеријата.
Ноќеска е демолиран автомобилот на Ацо Стефковски – брат на убиениот рибар Борче Стефковски кај Смилковско Езеро. Стефковски уништениот „мерцедес“ го видел утрово кога тргнал на работа.
Од сите автомобили паркирани на улицата каде што живее во Радишани, настрадал единствено „мерцедесот“ на Стефковски. Вели дека не би можел да претпостави кој е вандалот. Ниту некому должел нешто ниту некој претходно му се заканувал.
Полицијата извршила увид и направила фотографии од демолираниот автомобил. Стефковски го купил „мерцедесот“ пред шест месеци. Засега ниту тој ниту полицијата не го поврзува инцидентот со судењето на обвинетите во случајот „Монструм“ за убиството на четирите момчиња и неговиот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демолиран автомобилот на советникот во Град Скопје, Трајановски
-
Децата беа легнати на стомак и сретнавме маж со пушка: Сведок од Смилковско Eзеро се онесвести!
-
„Заев е поголем монструм од убијците“ – таткото Наќески за маскарот кај Смилковското Езеро (видео)
-
Љубчо Георгиевски за случајот „Смилковско езеро“: СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот