Апелацискиот суд Скопје ја отфрли како недозволена жалбата на Специјалното јавно обвинителство за домашниот притвор на осомничениот Г.Г. во случајот „Тврдина“.
Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по жалбите на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) и на осомничениот Г.Г. изјавени преку неговите бранители против решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција од 1.4.2016 година при овој суд, донесе решение со кое се отфрлаат како недозволени, се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Во образложението на решението на скопскиот Апелациски суд стои дека решението на Кривичниот совет на првостепениот суд КИОККС бр.39/16 од 1.4.2016 година не е донесено во прв степен за по него да биде дозволена жалба до повисокиот суд, оттука првостепениот суд погрешно ги ценел и применил одредбите од членот 169 од ЗКП. Со ова решението на Основен суд Скопје 1 Скопје станува правосилно со што ќе биде издадена наредба осомничениот Г.Г. да биде префрлан во домашен притвор, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заврши седницата на Апелација за пресудите на Груевски и Поповски во случајот „Тенк“
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Заврши јавната седница на Апелација за „Тенк”, продолжението закажано за 5 септември
-
Апелација во служба на власта: Четири години затвор за напаѓачот на Шекеринска