| четврток, 6 декември 2018 |

Апелација во служба на власта: Четири години затвор за напаѓачот на Шекеринска

Ангелов и неговата одбрана на јавна седница во Апелација на 16 јануари побараа судот да ја преиспита висината на казната и да определи поблага или условна казна

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата на Панче Ангелов за четиригодишната затворска казна што му ја одреди Кривичниот суд за нападот на Радмила Шекеринска, тогашна пратеничка, а сега актуелна министерка за одбрана, за време на настаните во Собранието од 27 април, минатата година, пренесува „Телма“.

Со одлуката Апелацискиот суд ја потврди пресудата и висината на казната што на Ангелов му ја одреди првостепениот суд на 12 октомри, минатата година.

Ангелов и неговата одбрана на јавна седница во Апелација на 16 јануари побараа судот да ја преиспита висината на казната и да определи поблага или условна казна.

Тој пред судот рече дека само ја потегнал Шекеринска за коса, но не ја повредил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top