| четврток, 6 декември 2018 |

Светот заплака над мртвата душа на големиот Морган Фримен: Можете да бидете најдобри, но не на мои години

„Послушајте ме и преземете нешто ако сакате да ја промените својата иднина. Би сакал и мене некој додека бев млад да ми го раскажеше ова што ќе би кога кажам сега“ – вака познатиот актер Морган Фримен ја започнува својата приказна. „Имам 78 години и верувам дека немам уште многу време. Имам милиони долари во банка, но не можам да го купам здравјето и да си го спасам животот. Имам семејство и милиони обожаватели во светот, но сега сум целосно сам. Го живеев животот на погрешен начин и не сакам тоа да ви се случи и вам“.

Парите сами по себе не се зло, смета тој и додава дека тоа е само хартија со проценета вредност која ни овозможува да дојдеме до нешто што го сметаме за вредно. Ако парите не се зло, тогаш што е злото? Злото е несвесната, опсесивната и моралната страст да сакаме што повеќе.

morgan frimen

-Злото е бездушна опсесивно­-компулсивна потрага по грнето злато на крајот на некоја цел која не постои. Злото е кога имаме етикета на срцето и на душата кои ги менуваме за финансиски успех по секоја цена. Злото е кога се обидуваме да ја купиме среќата, не станувајќи свесни дека тоа е само илузија која еден ден ќе исчезне – вели тој.

-И што се случува кога ќе исчезне? Замислете да имате сѐ, а потоа сето тоа да го изгубите. Замислете дека сте банкротирале. Немате пари. Вашето единствено решение е да дојдете до уште пари. Нема ништо со што можете да создадете лажна среќа. Кој сте сега? Каде се сега сите оние луѓе што ги сметавте за пријатели додека имавте пари? Тие што не беа со вас заради парите сигурно одамна ве напуштиле мислејќи дека сте егоцентричен кретен – искрен е актерот.

Фримен истакна дека постои поголема цел од потрагата за финансиски успех и дека не е доцна да ги промениме своите приоритети доколку тоа сакаме да го направиме.

Можете да се промените уште денес, доколку ја редефинирате својата верзија за успех. Можете да ги трансформирате своите односи и да изградите нови. Можете да си простите на себе и на оние што ве повредиле. Можете да станете лидер кој ќе им помогне на другите. Можете да ги избалансирате своите приоритети во животот. Можете да го излечите својот брак и да создадете посилна љубов отколку што сте мислеле дека е можно. Можете да станете најдобриот родител, најдобриот родител на светот, но немојте да чекате да дојдете до моите години. Секогаш можете да заработите уште пари, но никогаш не можете да го вратите времето – дециден е Фримен. – Сите ние еден ден ќе умреме, но по што сакаме да се сеќаваат на нас? Што можете да направите за да биде светот поубаво место? Која е вашата вистинска цел?- додава тој.

LAS VEGAS, NV - APRIL 18: Actor Morgan Freeman accepts the Cinema Icon Award at the CinemaCon awards ceremony at The Colosseum at Caesars Palace during CinemaCon, the official convention of the National Association of Theatre Owners, on April 18, 2013 in Las Vegas, Nevada. (Photo by Ethan Miller/Getty Images)

-Сите умираме, но само мал број од нас навистина живеат. Можете да излезете од сенката. Направени сте за големи работи. Направени сте за многу повеќе од тоа да работите целиот свој живот за пари. Вие сте суштества кои треба да го инспирираат светот и да им помогнат на сите. Ајде конечно да ја направиме вистинската работа – предлага Фримен. -Во што е тогаш тајната? Што е тоа што ќе ни помогне на овој тежок пат? Само љубов, што повеќе и повеќе љубов. Никогаш не предавајте се, без оглед на тоа какви се предизвиците со кои се соочувате во животот. Само со љубовта, сочувствувањето, верата и човечноста можеме да го поразиме злото, еднаш засекогаш – заклучи актерот во интимната исповед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top