| четврток, 6 декември 2018 |

Саем за туризам „Скопје травел маркет“ од 25 до 27 април

skopjetravelmarket

Промоција на домашни и на странски атрактивни дестинации за одмор, релаксација и уживање ќе биде само дел од Саемот за туризам „Скопје травел маркет“ што ќе се одржи од 25 до 27 овој месец.

На саемот, како што најавија организаторите, ќе бидат претставени туристички агенции, хотели, ресторани, кампови, компании за патнички превоз, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, авиокомпании, занаетчиски комори, како и винарски визби.

– Одржувањето на оваа манифестација е поттикнато од фактот дека туризмот е значајна стопанска гранка која има суштествена улога во економскиот развој и преку привлекување нови инвестиции, отворање работни места, промовирање на културните вредности и на природните богатства не само во земјава, туку и надвор од неа – рече Магдалена Хамбова од Скопски саем на средбата со новинарите.

На „Скопје травел маркет“ туристичките оператори, кои се не само од регионот, туку и од Турција, Италија, Северен Кипар, Унгарија, ќе имаат можност да остварат директни средби и да договорат евентуална соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top