| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на квартетот „Мивос“ од САД на „Денови на македонска музика“

В среда (6 април) во рамките на манифестацијата „Денови на македонска музика концерт ќе одржи гудачкиот квартет „Мивос“ од САД. 

На програмата свои македонски премиери ќе доживеат делата на Фелипе Лара, Дејвид Бринјар Францон и Роберт Хонстајн, заедно со светските премиери на квартетите на  Маријана Јаневска и Валентина Велковска-Трајановска, како и често изведуваниот квартет „Распеви“ од Гоце Коларовски.

Составен дел од проектот е и предавањето на тема Екстензивни техники на гудачките инструменти“ кое на 5 април ќе се одржи во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, со почеток во 11 часот.

Квартетот Мивос,еден од најхрабрите и најинтензивни нови музички ансамбли во Америка (TheChicagoReader), е верно посветен на изведувањето дела од современи композитори, пласирајќи нова музика на публика од различна структура. Од самите почетоци во 2008година, квартетот изведува и тесно соработува со секој пат побројна група меѓународни композитори кои презентираат повеќеслојна естетика на современи класични композиции. Основната нишка на мисијата на овој квартет се всушност самите нарачки на композиции, како и нивните премиерни изведби; Мивос има изведувано дела од композитори во подем или пак веќе реномирани композитори вклучувајќи го и Алекс Минцек, Хелмут Лахенман, Ана Клајн, Волфганг Рим, Самсон Јанг, Лук Дубоа, Филип Глас, Хуанг Руо, Фелипе Лара, Сам Плута, Тристан Перич и Кирстен Броберг. Квартетот има настапувано во светски реномирани концертни сали како музејот Гугенхајм, центарот Кенеди, Занкел Хол, МоМА, The Stone, Issue Project Room и Рулет, а исто така е и дел од сериите концерти како Wien Modern (Виена, Австрија), Darmstadt Internationalen Ferienkurse für Neue Musik (Дармштад, Германија), Асфалт Фестивал (Дизелдорф, Германија), Концерти Аперитио (Удине, Италија), HellHOT! New Music Festival (Хонг Конг), Shanghai New Music Week (Шангај, Кина), Edgefest (Ан Арбор, Мичиген) и Aldeburgh Music (Велика Британија). Мивос инвестира во нарачки на музика, но и премиерни изведби на нова музика за гудачки квартет, особено во контекст на тесна соработка со композитори на подолг временски период. Во сезоната 2013-2014, Мивос е соработник на новите дела на Сам Плута (Lucerne Festival Commission), Ден Блејк (Jerome Commission), Марк Барден (Wien Modern Festival Commission), Скот Волшлегер и Патрик Хигинс (ZS),а пак на почетокот на 2014 година работи на развивањето на новите дела на Ричард Карик (Fromm Commission), Ерик Вубелс (CMA commission), Кејт Сопер и музичарот-поет Сол Вилијамс.

Како дополнение на нивната работа на меѓународно ниво, Мивос е активен и во едукација со водење  работилници насекаде во светот. Квартетот исто така ги одржува годишните Мивос/Кантер награди за композиција на гудачки квартет, основани за да ги поддржат младите композитори, а и оние во подем, како и да го охрабрат континуираниот интерес за компонирање нови дела наменети за гудачки квартет.

Покрај идејата за прошируваање на репертоарот напишан за гудачки квартет, Мивос исто така се залага за соработка со гости изведувачи, истражувајќи мултимедијални проекти кои вклучуваат и видео и електроника во живо, создавајќи оригинални композиции и аранжмани за квартет, воедно и изведба на импровизирана музика.

Членовите на Мивос се: виолинистите Оливија Де Прато и Џошуа Модни, виолистот Виктор Лори и челистотМариел Робертс. Од нив, секој посебно е познат по својот индивидуален извонреден глас во современата музика, како и по честите изведби со водечки ансамбли во новата музика, вклучително и асамблите Сигнал, Виктоар и Вет Инк. Сите се дипломци на програмата Мајстори за современа изведба на Школата за музика на Менхетен.

Овој проект е поддржан од Mid Atlantic Arts Foundation преку USArtists International во парнерство со Националната донација за уметност и фондацијата Ендру В.Мелон 

Влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top