Најновиот број на неделникот Њузвик Србија ексклузивно ја открива најголемата тајна на штотуку ослободениот хашки затвореник Воислав Шешељ. Тој беше ослободен од сите обвинувања иако обвинителството го сметаше за еден од најлошите воени злосторници на просторот на поранешна Југославија. И додека со задоволство раскажува за деновите поминати во хашкиот казамат, сè до сега избегнуваше да зборува за наводното силување на кое бил подложен додека бил во затвор во Зеница.
Михаел Мартенс, дописник на германскиот Франкфуртер ајлемајне цајтунг, наведува дека поранешен политички сопатник на Шешељ, чиешто име не го објавува, зашто во меѓувреме дошол на многу висока положба во Србија, му рекол: „Никогаш не прашувајте го за Балерината. Ќе ве убие“.
Шешељ имал 29 години кога бил осуден на 8 години затвор. ВО затворот во некој момент наводно се случило она што за упатените му го донело прекарот Балерина.
Михаел Маретенс се сретнал со Шешељ и го прашал: Не е тешко да се заклучи дека Шешељ не го сака ова прашање. Неговата улога е улога на силен борец, во патријархална средина, подготвена за насилство. Таквите мажи силуваат, а не ги силуваат“, пишува Мартенс.
Како изреагирал Шешељ и што одговорил за насилството на кое бил изложен во Зеница Њузвик засега не открива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.