| четврток, 6 декември 2018 |

Европска статистика: грчкиот долг во 2012 година е 156,9 проценти од БДП

статистика графиконСпоред Европската статистичка служба (Евростат), Грција има најголем долг од 156,9 проценти од БДП , додека грчкиот буџетски дефицит во висина од 10 проценти од БДП е вториот највисок дефицит во ЕУ во 2012 година. Статистички претходниот годишен буџетски дефицит на Грција беше 10 проценти од БДП и изнесуваше 19,3 милијарди евра. Државниот долг на Грција е намален од 355,1 милијарди евра во 2011 година на 303,9 милијарди евра во 2012 година. Според анализата на податоците, Франција не го остварила планираниот дефицит во 2012 година, додека дефицитот на Шпанија се зголеми за повеќе од очекуваното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top