Отворањето на „Џонсон Контролс“ е одлична инвестиција за Струмица, бидејќи градот немаше поголем странски инвеститор кој би апсорбирал голем број од невработената работна сила. Отворањето на објектот е одлична можност луѓето да го решат овој проблем.
По успешноста на фабриката во Штип, американската компанија „Џонсон Контролс“ отвора нов погон во Струмица. Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони долари, а која до крајот на годинава ќе отвори 1.500 нови работни места.
Компанијата со пробно производство стартуваше пред неколку дена во браунфилд инвестиција – во постоечка зграда, а потоа ќе прерасне во гринфилд – сопствен објект, најдоцна до пролет следната година. Се очекува дека вкупниот извоз да достигне над 80 милиони евра годишно.
фактот дека „Џонсон Контролс“ реинвестира во Македонија, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е потврда за успешноста на владините политики за подобрување на бизнис климата и креирање плодна почва за вложување.
– Нашата намера не е да застанеме само со оваа инвестиција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ не е задоволна само со една крупна инвестиција во Струмица, туку и понатаму ќе работиме да убедиме и други странски компании да дојдат овде и да инвестираат и да отворат нови работни места во Струмица и во струмичкиот крај, рече Никола Груевски во Струмица.
Нагласи дека на тој начин невработеноста во Струмичко дополнително ќе се намали и додаде дека во последниве 10 години во Струмица се отворени над 5.300 нови работни места од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
– Тоа е добар податок кој покажува дека се оди во добра насока и дека расте вработеноста. Минатото лето токму од Струмица најавив дека „Џонсон Контролс“ планира да отвори објект во Струмица. Во меѓувреме добро се одвиваа работите и покрај одредени проблеми со коишто се соочувавме, сепак се успеа да се склучат договорите со „Џонсон Контролс“ на време и компанијата да започне со производство во бранунфилд инвестиција во Струмица, изјави Груевски по посетата на Струмица.
Нагласи дека Џонсон контролс во средата започна со пробно производство и дека се вработени 300 луѓе во компанијата.
– До крајот на годината Џонсон контролс планира вработување на уште 150 работници, а вкупниот број на вработени ќе достигне околу 1.500. Следниот месец „Џонсон Контролс“ ќе започне со изградбата на гринфилд објектот во ТИРЗ Струмица, која Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја гради и во рок од една година треба да биде завршен нивниот нов објект. Потоа сите вработени ќе се префрлат таму и ќе се докомплетира до планираните 1.500 вработени, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека постои можност дел од вработените да останат и во сегашниот браунфилд објект.
– Од искуство можам да кажам дека компании од ваков вид многу често одат и над проектираната бројка на вработени. Таков е случајот во Штип и во Скопје каде имаше проектирано 1.427 вработувања, а бројките отидоа за неколку стотици повеќе до 1.700, 1.800 и повеќе, рече Груевски.
„Џонсон Контролс“ со овој капацитет, во наредните неколку години има можност да вработи речиси 3.000 луѓе.
Инаку, 2016. ќе биде година на странски инвестиции. 13 договорени или реализирани и 3 најавени само во првите 3 месеци. Сите заедно вложуваат над 100 милиони евра и отвораат речиси 6.300 работни места.
Од почетокот на годината 4 компании почнаа со работа, 2 почнаа со градба, 4 потпишаа договори, 3 објавија дека влегуваат во земјава, а беа најавени уште 3 кои треба и да ја соопштат одлуката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура