| четврток, 6 декември 2018 |

Викиликс: ММФ сакал да ја уценува Грција

WikiLeaks.jpegГрција побара објаснување од Меѓународниот монетарен фонд за наводите на Викиликс дека ММФ барал кризен „настан“ за да ја натера задолжената Атина на завршни разговори за реформите.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави дека ќе упати писмо до шефицата на ММФ Кристин Лагард и ќе ги информира европските лидери откако Виклиликс на својот сајт денеска објави транскрипт од телеконференција на која функционери на ММФ се жалат дека Атина презема одлучни чекори само кога ќе и се закани банкрот.

Поради тоа бил неопходен „настан“ со цел да се иницира закана од банкрот и да се натераат Грците да дејствуваат, велат функционерите во документот со датум од 19 март.

wikileaks_Greece_Jan_2011_voriniПриродата на таквиот „настан“ не е прецизирана.

Во разговорот учествувале Пол Томсен, шеф на оделението на ММФ за Европа и Делије Велкулеску, шефица на мисијата на ММФ во Грција.

Грчката Влада остро реагираше на наводите на Викиликс, соопштувајќи дека ќе бараат од ММФ да објасни дали трагањето по услови за банкрот на Грција е официјален став на Фондот.

– Премиерот итно ќе испрати официјално писмо до Кристин лагард по тој повод, се наведува од канцеларијата на Ципрас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top