Европската унија ја повика Турција да го продолжи мировниот процес со Курдите по нападот во југоисточниот турски град Дијарбакир, во кој загинаа најмалку седум полицајци, јави ДПА.
– Турција мора повторно да се ангажира во курдскиот мировен процес, кој донесе толку многу позитивни и ветувачки резултати во блиското минато, се вели во соопштението на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.
„ЕУ е подготвена да го поддржи мировниот процес“, се наведува во документот.
Експлозијата, во која се повредени 27 лица, вклучувајќи 14 цивили, се случи во четвртокот во близина на автобуска станица во Дијарбакир, кога полициски автобус минуваше во близина. Тројца од повредените полицајци се во тешка здравствена состојба, јави Си-Ен-Ен-Турк.
“Еден вистински политички дијалог во рамките на курдскиот мировен процес е единствениот пат за постигнување на мирно и трајно решение”, истакна Могерини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


