| четврток, 6 декември 2018 |

ФОТО: 7 години студирање за 6,24 просек – потврда за правниот капацитет на Катица Јанева

Миленко Неделковски во синоќешното негово шоу го објави Уверението за завршено студирање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на кое се гледа дека нејзиниот просек бил 6,24. Јанева воедно студирала 7 години. За положените предмети добила пет „7“ и 28 шестки.

uverenie-janeva22-640x936Нованарот Бобан Нонковиќ кој гостуваше во синоќешната емисија истакна дека според уверението се гледа дека Катица Јанева можеби била многу добро простудирана и избрана од купот обвинители.

-Таа го деградира Правниот факултет кој го претставува. Имаме човек со 6,24 просек, јас не верувам дека во Европа со ваков просек има приправник во адвокатска канцеларија, а не обвинител. Ние имаме  избран феноменален профилкој ќе ја игра улогата на кукла, вели Нонковиќ.

Професорот Александар Климовски вели дека несмасноста во нејзините изјави и театарскиот настап кој го има во излагањето говори за капацитетот.

-Ова уверение е само доказ за капацитетите кои ги има како правник, вели Климовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top