| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот на Белгија: Во Европа ќе има нови терористички напади

Белгискиот премиер Шарл Мишел верува дека во Европа па дури и во Белгија може да има нови терористички напади. Мишел ова го изјави во интервју за белгискиот дневник Ла „Либр Белжик“.

По терористичките напади во Брисел од 22 март годинава, белгискиот парламент се подготвува да креира анкетна комисија која ќе започне со работа на 14 април и која има мандат до крајот на годината за да се утврдат евентуалните одговорности на владата и нејзините институции кои не го спречиле нападот. Во Белгија и понатаму е на сила третото ниво на тревога а за Мишел она што е значајно е да се направи се што е можно за да се подобри капацитетот за акција на безбедносен терен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top