| четврток, 6 декември 2018 |

В петок аудиција за филмот на Антонио Митриќески

В петок, во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен, од 12 до 19 часот, ќе се одржи аудиција за споредени улоги и статисти за филмот „Деца на сонцето“ кој наскоро ќе се снима во Преспа, во режија на Антонио Митриќески.

Право на учество на аудицијата имаат сите лица над 18 годишна возраст.

Речиси сите локации за снимање се наоѓаат покрај езерото Преспа, каде што ќе бидат изградени и адаптирани објекти. При тоа, филмската екипа внимава и ќе обрне сериозно внимание кон зачувување на природата, бидејќи, над се, целта на режисерот е да ги покаже убавините на Преспа.

Филмот е според сценарио на култниот писател Гордан Михиќ. Ова е трет игран филм на Митрикески на кој му предходат „Преку езерото“ во 1997 година и „Како лош сон“ во 2003 година. Планирано е да се снима 36 дена. Најголемиот дел од средства се обезбедени од Филмскиот Фонд на Република Македонија, а неколку други држави влегуваат во овој проект како малцински.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top