| четврток, 6 декември 2018 |

Четврта индустриска револуција: До 2020 г. се укинуваат работните места на чуварите и месарите и чистачите!

Ако вашата работа е на списоков, до 2020 сигурно ќе се пензионирате

roboti zanimanja

Роботите ќе почнат масовно да ја заменуваат човечката работна сила многу порано отколку што се очекуваше – веќе во 20020, покажува извештајот на КЕИС, Корејска информативна служба за вработување.

Напредокот во развојот на роботиката и информатиката во последните години упатува на тоа дека роботите наскоро би можеле да станат доволно паметни за вршење многу работи.

Тие веќе го заземаат свето место во фабриките, а напредокот на технологијата упатува на тоа дека дури неколку стотини различни видови работи би можеле да ги извршуваат оние кои се носители на вештачка интелигенција.

 

Најзагрозени се работните места на кои се повторуваат рутински задачи, а на врвот на листата се:

  1. градежен работник
  2. месар
  3. чувар
  4. доставувач
  5. чистач
  6. фабрички работник
  7. даночник
  8. комунален работник

Од друга страна, засега не им се загрозени работните места на оние кои работат работи за кои е потребен повисок степен на креативност: уметник, фотограф, писател, композитор и музичар, визажист, моден дизајнер, пејач и актер.

Луѓето нема да мора да работат тешки физички работи

Иако роботизацијата би можела привремено да го потресат пазарот на труд, стручњаците сметаат дека овој тренд долгорочно позитивно ќе влијае, затоа што луѓето ќе се ослободат од тешките физички работи, но донесувањето одлуки сепак ќе остане во нивниот домен.

Според некои процени на Светскиот стопански форум за 15 водечки земји во светот роботизацијата и воведувањето вештачка интелигенција која би ја заменила човечката работна сила во следните пет години би можело да резултира со губење на повеќе од пет милиони работни места.

Според нив, ќе бидат отворени два милиони работи, а 7,1 милион работни места би биле заменети од технолошките решенија или ќе станат непотребни. Тоа ќе доведе до големи промени на пазарот на трудот, па дури 65% од денешните основци ќе работат занимања кои денес не постојат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top