Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалбата на одбраната на осомничениот Г.Г. против решението на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), за определување мерка притвор на осомничениот, денеска одржа седница на која донесе одлука со која го преиначи решението на судијата на претходна постапка и мерката притвор за осомничениот ја замени со мерка куќен притвор, а по правосилноста на оваа одлука за која странките имаат право на жалба до повисокиот суд.
Ова во соопшти Основниот суд Скопје 1.
-Во однос на прашањата од повеќе медиуми за останатите предлози за обезбедување присуство, поднесени од Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО ), ве информираме дека до судија на претходна постапка досега се доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство, за кои судијата испрати покани до странките во текот на наредната недела да се јават во судот за да се произнесат во врска со предлозите, по што ќе донесе одлука за која ќе ја информираме јавноста – се додава во соопштението од Судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.