Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски оставките на претставниците на извршната власт на ДУИ ги оцени како внатрепартиска работа.
-Немам некој посебен коментар. Се работ за внатрешна партиска одлука. Тоа е нивна одлука и јас не би ја коментирал – рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструиран објект што ќе биде ставен на располагање на Државниот архив на Република Mакедонија и на Министерството за внатрешни работи во Куманово сместен во реновираниот објект на поранешниот Дом на Армијата.
На прашањето дали сега ќе следи создавање нова влада, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека следуваат избори и дека граѓаните се тие што ќе оценат која и каква влада треба да се состави во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски