Светскиот магазин за патување и туризам „Травел пулс” вчера објави пост со наслов „Три причини за да ја посетите Македонија сега“.
Светскиот магазин за патување и туризам „Травел пулс” вчера објави пост со наслов „Три причини за да ја посетите Македонија сега“ во кој вели дека Македонија е мала земја за која многу малку луѓе знаат, но има многу причини поради кои треба да се посети.
Во најважните причини за посета на нашата земја ги споменуваат природата, ниските трошоци и убавината на главниот град.
За Скопје велат дека e град што поминал низ голема промена и реновирање. Денес вреди да се види новиот дел на Скопје, но и Старата скопска чаршија. Во близината на Скопје се сместени убави манастири, додаваат тие.
Понатаму, даваат предлог за посета и уживање во убавините на Охрид и на Охридско Езеро. На крајот завршуваат со препорака до читателите да ги споделат своите сеќавања и импресии од нивната посета на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.