Седум од десет беглаци изјавиле дека преферираат да стигнат до Германија, а Грција ја сметаат за транзитна држава, покажуваат резултатите од анкетата на „Капа рисрч“.
Анкетата, како што јави БТА, е спроведена меѓу мигрантите во центрите во Атија и во Пиреја, а 68 проценти од анкетираните изјавиле дека сакаат да стигнат до Германија, но 59,6 отсто од нив изјавиле дека нема да успеат во своите намери.
Поголем број од мигрантите, 68 отсто искажале позитивен став за Грција, додека процентот за Германија е уште повисок – 74.
Истражувањето покажува дека 74 проценти од мигрантите се од Сирија, од кои 73,8 отсто се мажи, од кои 72,2 проценти се на возраст до 35 години. Додека, 61,3 отсто од мигрантите се необразовани или со незавршена гимназија.
Анкетата е спроведена во понеделникот, откако стапи во сила договорот меѓу ЕУ и Турција за реадмисија на бегалците на турска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.