| четврток, 6 декември 2018 |

Државен завод за статистика: Индустријата создава 40.000 тони опасен отпад

Преработувачката индустрија создава најголемо количество отпад. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во текот на 2014 година во Македонија создаден е вкупно 1.845.909 тони отпад, а само преработувачката индустрија создала 1.638.238 тони.

otpad zelezo

Вкупното количество создаден опасен отпад изнесува 39.337 тони, од кој 37.126 тони се во преработувачката индустрија.

Од вкупното количество создаден отпад, 659 238 тони се предаден отпад, односно отпад што деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство во текот на 2014 година.

Вкупното количество примен отпад, односно отпад што деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство во текот на 2014 година, изнесува 705.825 тони.

Во текот на 2014 година се преработени 197.505 тони отпад, а вкупното количество отстранет отпад изнесува 1.481.378 тони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top