Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ соопшти дека Турција од средината на јануари во Сирија принудно вратила многу сириски бегалци, пренесуваат американските медиуми.
Организацијата посочи дека оваа практика на виделина исфрли „фатални пропусти“ во спогодбата меѓу Турција и ЕУ. Според АИ, околу 100 Сиријци, кои во повеќето случаи не се регистрирани во Турција, секој ден се протеруваат назад во нивната земја.
Организациите за првата на човекот стравуваат дека спогодбата за намалување на бегалскиот прилив од Турција за ЕУ ги доведе во опасност правата на луѓето што бараат азил.
Пред извесно време Сиријците, кои имаа пасоши, можеа да ги минуваат граничните премини, па дури и тие што влегуваа нелегално можеа да се регистрираат. Во моментов само тие што имаат потреба од итна медицинска помош може да преминат во Турција. Засилената гранична контрола и новите услови за добивање виза ги принудуваат Сиријците да им плаќаат на шверцерите по 1.000 долари за преминување на границата, посочи „Амнести интернешенел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.