| четврток, 6 декември 2018 |

Одрон кај Делчево

radika odron

На патниот правец Делчево – Пехчево поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента и тоа во должина од 250 метри. Сообраќајот се регулира со поставена соодветна патна сигнализација.

Патот Неготино – Радовиш, односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр. 9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа, сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште, и тоа само за лесни возила.

Патниот правец Ресен – Охрид преку националниот парк Галичица не е прооден за сообраќај. Сообраќајот се одвива до месноста Корита, но само од охридската страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top