Поднесовме барање за отворање кривична постапка за објавени разговори на „Јутјуб“ од анонимно лице потпишано како Никола Тесла, а самото поседување и објавување е кривично дело. Ивона Талевска и јас баравме од Специјалното јавно обвинителство да постапи според законот и да ги гони тие лица. Истрагата е отворена. Ќе видиме што ќе направат тие понатаму, изјави за „Медија груп Македонија“ главниот уредник на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, по разговорот со истражителите во СЈО.
– Верувам дека ќе го направат тоа што треба. Таму има свесно објавување на приватни детали, кои се монтирани, за да добијат сексуална или некава друга содржина, бидејќи оригиналот на разговорите не соодејствува со содржината што е објавена. Според наши процени, објавена е од лица што имаат свои портали, лица што порано биле функционери на СДСМ. Имаме и свое мислење, но и директни и индиректни докази за тоа.
Сатисфакција од ова, вели Латас, треба да има следниот што би можел да биде објавен, бидејќи според нашите податоци, кои во неформален разговор ги кажал, постои разговор кој треба да компромитира судијка од СЈО, доколку СЈО не постапи така како што овие рекетари очекуваат – вели Латас.
– Вие знаете дека се објавени разговори меѓу Хари Костов и Бранко Бојчевски, како и Муса Џафери и женско лице за кое се тврди дека е Ермира Мехмети, но јас не сум сигурен дека е таа.
Има објавено од мене со Горан-Ѕинго, мој со Ивона Талеска и, како што ви кажав, едно од темпираните жртви е и судијка од СЈО. Повторно и тој разговор ќе биде сексистички. И нивни интерес е тоа да запре, а тие кои рекетираат да бидат законски третирани – вели уредникот на „Сител“, Павловиќ-Латас.
На прашањето дали очекува да биде повикан во СЈО во друго својство како дел од политичките „бомби“ што ги објави опозицијата, Павловиќ рече:
– Ако се држиме до тоа што го објавува и најавува Зоран Заев, а СДСМ го презема, можам да очекувам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.