| четврток, 6 декември 2018 |

Судијата Лазаревски донесе одлука спротивно на своето убедување

Ирационална и апсурдна е одлуката на судијата Јован Лазаревски, кој во само неколку часа судеше против своето сопствено убедување. Тој прво го отфрли барањето за претрес со образложение дека СЈО нема правна надлежност на предметот. Само неколку часа подоцна тој го разгледуваше барањето за притвор и одлучи по него.

Жалба на одлуката на судијата на претходна постапка во врска со притворот за Горан Грујевски поднесе одбраната, потврдуваат од скопскиот Кривичен суд. Според постапката, жалбата веќе е испратена за одговор до Специјалното јавно обвинителство по што, Кривичниот совет има рок од 48 часа да донесе одлука по неа.

Експертите велат дека станува збор за чудна одлука на судијата Јован Лазаревски, особено ако се има предвид дека тој претходно го отфрли барањето за претрес со образложение дека СЈО нема правна надлежност за предметот. Во текот на вечерта, го разгледуваше барањето за притвор и одлучи по него. Што во тие неколку часа влијаело врз судијата да ја смени одлуката, се уште нема информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top