-Рокот за легализација на дивоизградените објекти завршува денеска и сите општини ќе работат со продолжено работно време до вечерните часови – изјави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во Куманово.
Освен за објекти, може да се достави барање и за водоводни и инфраструктрни линии и итн.
-Денеска е последниот ден и апелирам сите граѓани да дојдат и да си поднесат барање. Веќе имаме над 50.000 доставени нови барања. Очекувам дека таа бројка денеска ќе биде малку зголемена со тоа што утре ќе ја имаме конкретната бројка колку нови предмети ќе имаме за работење во наредниот период – истакна Мисајловски.
Тој информираше дека на барање на граѓаните направени се и измени на Законот за катастар со кои ќе им се овозможи на оние граѓани кои имаат комплетна градежно техничка документација за објектите, а не успеале да ги запишат во Катастарот до 2012 година, бесплатно да им бидат изработени елаборати и да добијат имотен лист.
-За жал, голем дел од граѓаните тоа не го сториле. Се работи за над 5.000 објекти, односно 5.000 граѓани. Со брза реакција и комуникација со директорот го сменивме Законот за Катастар кој помина на Влада и сега е во собраниска процедура. Потоа Катастарот бесплатно ќе ги прави елаборатите, односно граѓаните ќе треба да достават барање до Катастарот по што надлежни лица ќе излезат на лице место и ќе направат премер за да може и овие граѓани да ги запишат своите објекти, односно да добијат имотен лист бидејќи де факто тие во минатото граделе со одобрение за градб – појасни министерот Мисајловски.
Барањето на граѓаните произлезе од неодамнешната посета на министерот за транспорт и врски и на лидерот на ВМРО ДПМНЕ на Радовиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.