Пред да биде уништена неупотребливата опрема, била доставена наредба за снимање на сите релевантни податоци од софтверот кои во иднина би можеле да се употребат во судска процедура, пишува порталот „Прес24“.
„Најодговорниот за уништувањето, началникот Сашо Трајковски на 17.04.2015 година составил допис со кој ги информирал надредените дека е постапено по наредбата. Во дописот тој конкретно информира: „Процедурата на копирање на судските наредби од 2014 година е направена од страна на стручно техничко лице од компанијата производител на системот за следење на комуникации. Копијата е доставена до главниот администраторот на ООТПО на мемориски уред – хард диск со модел DNS 320 …“ објавува „Прес24“.
Според порталот „овој хард диск на барање на СЈО е доставен до Катица Јанева и практично Катица Јанева има пристап до целиот софтвер и податоци кои биле содржани во системот на УБК. Со оваа информација практично и не постојат дилеми дека Комисијата уништила само стар и неупотреблив хардвер, односно директно се демантираат сите инсинуации за каква било поврзаност со уништување некакви докази“ пишува „Прес24“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.