| четврток, 6 декември 2018 |

Голема љубов и тајна веридба: Љубовната приказна на Дубравка Мијатовиќ и на Маринко Маџгаљ

Љубовта на Дубравка Мијатовиќ и на Маринко Маџгаљ била необична и на почетокот тајна поради претходното лошо искуство на  актерот.

dubravka-mijatovic-marinko-madzgalj-foto-damir-1416256179-591096

Актерската двојка ја започна врската во 2007 година и на почетокот не било сѐ мед и млеко поради честите расправии. Семејството на Маринко на почетокот не сакало да ја прифати новата снаа поради разликата во години, затоа што Дубравка била десет години постара од актерот. Исто така, зад себе имала пропаднат брак.

a49175800d22463e9c3c127a4250a0b4

Наспроти тоа тие многу се сакале и уживале во секој момент. Не се делеле еден од друг. По година и пол од врската, Маринко ја запросил во тајност и љубовта  ја крунисале со брак. Бракот им траеше седум години, по што спогодбено се развеле, а заедно добиле и ќерка.

06/09/2011 foto: Press, svadbeni party Ivana Bosiljcica i Jelene Tomasevic u restoranu Rainbow. Ustupljeno magazinu Story rubrika broj 312

-Тоа беше една од оние љубови кои се толку силни што мораше да пропадне, но кога луѓето се нормални тогаш не мора да биде трауматично искуство – изјавил тогаш Маринко.

Кога дознал за болеста, не сакал веднаш да ѝ каже на својата поранешна сопруга, туку чекал погоден момент. Таа беше до него кога му било најтешко, го посетувала во болница и со часови седела покрај него држејќи го за рака. Поранешната сопруга на Маринко со која ја има ќерката Сара (7), тешко ја поднела смрта на Маџгаљ. Таа немала сила да се приближи до гробницата, туку цело време стоела настрана и плачела.

dubravka-mijatovic-foto-nebojsa-mandic-1459274179-875105

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top