Во кино „Милениум“ вечер премирано ќе биде прикажан новиот македонски игран филм „Џган“ во режија на Вардан Тозија кому ова му е прво долгометражно остварување.
Филмот ја раскажува приказната на дете од дом за деца без родители кое низ свирепи околности, се претвора од тивко, повлечено момче, во суров, бескомромисен водач на група отфрлени штитеници.
Главните улоги им се доверени на Мартин Ѓорѓоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Мартин Ѓорѓоски е натуршчик и воедно дебитира во филмот на Тозија.
Продукцијата е на „Дрим Фектори“, а ко-продуцент е „Ред хеликоптер филмс“ од Албанија. Директор на фотографија е Влатко Самоиловски, додека музиката ја потпишува Александар Пејоски.
„Џган“ го подржаа и Агенцијата за филм и „SEE Cinema network“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


