| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството, колегите и пријателите го испратија Маринко Маџгаљ на вечна починка (галерија)

На новите бежаниски гробишта во Белград стотици луѓе го испратија актерот Маринко Маџгаљ на вечна починка. Опелото почнало со дваесет минути доцнење за да може да се почекаат сите да пристигнат.

88436_1marinko

Поворката тргнала на местото каде ќе почива актерот со песните „Један дан живота“ од Мишо Ковач, „Болијем ја болујеш ти“, „Мој голубе“, „Тихо ноќи моје злато спава“, „Што се боре мисли моје„ и „Ружо моја“.

Крстот го носеше Саво Франовиќ, фотографијата Маја Џиновиќ. Зад нив беа најблиските на Маринко, помеѓу кои беа и  Огњен Амиџиќ и Ненад Јездиќ. Ковчекот помеѓу другите го носеле Александар Среќковиќ Кубура и Андрија Милошевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top