| четврток, 6 декември 2018 |

Тука никој не заклучува врата: Во оваа европска држава нема криминал

Пред неколку години Лихтенштајн донесе правилник за однесување на населението. Во него пишува дека се препорачува да се биде тивок во официјалното време за ручек – од 12 до 13.30 часот.

lihtenstajn-foto-profimedia-1459182635-874211

Оваа мала земја, сместена помеѓу Австрија и Швајцарија, крие бројни занимливости, а во оваа пригода ви ги пренесуваме највпечатливите.

-Во Лихтенштајн речиси и да нема криминал. Последно евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има неколку затвореници. Секој што е осуден на казна подолга од две години, заминува во затвор во Австрија. Луѓето во оваа земја се чувствуваат толку сигурно што поголем број од нив воопшто не ги заклучуваат влезните врати.

-Швајцарија во една пригода изврши инвазија на Лихтнштајн. Швајцарски војници (170 на број) со вооружени пушки, но без куршум, за време на војна вежба случајно ја преминале границата.

-Еднаш годишно, сите жители се канат на забава, односно на пиво во градината на двоерецот Вадуц.

-Главен град на Лихтенштајн е Вадуц, во кој живеат 5.425 жители. Тој е и најголемиот град во таа земја.

lihtenstajn-vaduc-foto-profimedia-1459182658-874213

-Лихтенштајн е водечки светски произведувач на вештачки заби.

-Пред пет години можевте да ја изнајмите целата држава на една ноќ. Имено, во соработка со сервисот Аирбнб, понуден е простор за 150 гости, пробување на вино со принцот и креирање на персонализирана парична валута со привремен карактер. Задоволството чинело 70.000 долари.

-Химната на Лихтенштајн  „Oben am jungen Rhein“ има сосема иста мелодија како химната на Велика Британија, „God Save the Queen“.

-Во Лихтенштајн официјален јазик е германскиот, но жителите најчесто не го зборуваат. Поголем број се служат со алеманско наречје, поинакво од стандардниот германски јазик.

-Сѐ до 1984 година поради пропаѓање на три референдуми, жените во Лихтенштајн не можеле да гласаат на избори. На референдум можеле да излезат само мажите, така што референдумот успеал дури од четврти обид, со 51, 3 отсто гласови „за“.

lihtenstajn-foto-youtubeprintscreen-1459182878-874217

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top