| четврток, 6 декември 2018 |

Протерани 60 лица од Црна Гора, сите дел од злогласна секта

Шеесет странски државјани, од кои 55 Руси и пет Јапонци, за кои е утврдено дека се дел од верската секта Аум Шинрикјо, ќе бидат депортирани откако биле фатени како изведуваат обреди во Црна Гора.

Сите членови на сектата имале видливи повреди околу вратот и на зглобовите, за кои се верува дека се направени за време на обредите, пишуваат црногорските медиуми.

Црногорската полиција минатиот петок неколку часа ги испитуваше 60. приведени лица, при што им биле одземени нивните мобилни телефони и лаптопи и беа предадени на вештачење.

Сектата Аум Шинрикјо се смета за одговорна за терористичките напади со отворвен плин во Јапонија во 1995 година, во кои беа убиени дваесетина лица, а повредени повеќе од 1.000.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top