| четврток, 6 декември 2018 |

Успех, пари, изненадување: Проверете што да очекувате идната недела…

Овен
Оваа недела работата ќе бара од вас огромно количество сила и затоа уште на почетокот мора да ги утврдите приоритетите и да процените точно со каков обем може да се справите. Окупирајте се со најважно, а другото оставете за друг пат. За да проверите веродостојноста на новите партнери не жалете време и сили. Само ако сте сигурни во овие нови луѓе ќе можете да започнете успешна заедничка активност. Новите контакти можат да ви бидат од голема корист, но во исто време избегнувајте непотребни состаноци, кои само би ви го изгубиле времето. Во првата половина од неделата гледајте да не се промените во очите на своите претпоставени. Во средината на неделата ќе може да сметате на поддршката на пријателите.

Бик
Ќе ви биде тешко да се вклопите во работниот ритам на почетокот на оваа недела. Ова може да не остане незабележано од шефовите, па обидете се да се насочите кон креативниот дел од работата, за да не ви се познае колку сте расеани. Нема да е лошо да си водите белешки на задачите, за да не пропуштите нешто важно. Слушајте внимателно што ви се зборува и не се срамете да прашате повторно кога не ви е јасно. Со напредокот на деновите концентрација ќе се засилува и во средата веќе ќе се чувствувате посигурни. Во петокот не двоумете се да се соберете со пријателите со кои ќе ги споделите вашите чувства и ќе се чувствувате сакани и разбрани.

Близнаци
Во оваа недела среќата ќе биде на ваша страна и дури ќе ви донесе пари. Тоа е потсетник повторно да изберете најсреќните броеви. Како некоја таинствена сила ќе ве води и покажува правилни чекори што малку ќе ве плаши и тера да се запрашате дали навистина заслужувате слична чест. Да, заслужувате – сега ќе сте среќници од Зодијакот! Покрај тоа, овие денови ќе ви дадат шанса да ресетирате некои повредени односи. Јавете им се на свои роднини и блиски. Организирајте семејно собирање во саботата.

Рак
Оваа недела ѕвездите ви советуваат да посветите на одмор. Имате голема потреба од растовар и тоа не е само ваш каприц. Во спротивно ризикувате да предизвикате нервен слом. Во оваа состојба сте склони да верувате на се што ќе чуете, но бидете претпазливи кон информациите, који доаѓаат до вас, особено ако се поврзани со лесна добивка. Најдобро е да ја „шутнете“ работата и да посветите претстојните денови на одмор со семејството или едноставно да си останете дома. Може да направите било какви промени на куќата, кои ќе ја разведрат ситуацијата.

Лав
Новата недела ќе бара од вас претпазливост и внимателност, како во активностите, така и во мислите. Не заборавајте дека многу од желбите ви стануваат реалност. Затоа – внимавајте што ќе посакате. Пазете се од “нагли движења“, бидејќи во моментов сте склони да претерувате и може да кажете или направите нешто за кое подоцна ќе жалаите. Покрај тоа расте и агресивноста. Тоа е подобро во однос на извршување на финансиските цели, но може да ви одигра лоша шега на приватноста. Не си дозволувајте цедило во сексуалната сфера. Ако сте жедни за различни работи едноставно споделете ги желбите со постојаниот партнер.

Девица
Сакале или не оваа недела ќе треба да направите сериозна анализа на последните недели од животот. Не може да ги обвинувате другите за се што се случува со вас. Сепак и вие сте виновник. Ако пак не ви се допаѓа средината, не ги обвинувајте луѓето, туку побарајте нови варијанти за себе. Не си дозволувајте агресивни дејствија, бидејќи тие ќе бидат целосно во ваша штета и ќе ви биде потребно многу време за да ги вратите претходните позиции. Запомнете дека само слабите дејствуваат со сила.

Вага
Сега ќе треба да ги соберете сите свои сили и самодисциплина. Претстојната недела ќе биде решавачка за кариерата и развој и немате право на отстапки. Закажани се важните состаноци за првите денови од неделата, кога ќе сте најмногу концентрирани. Секоја чудна идеја која ви текне ќе биде само во ваша корист и не двоумете се да ја примените. Ова важи за работа, но така и за приватниот живот. Се очекуваат ненадејни настани кои може да ве сопнуваат однапред од зацртаниот план, но тоа не треба да ве вади од такт, туку напротив – да ве зајакне. Токму во овие ситуации ќе пројавите најдобри квалитети.

Шкорпија

Во оваа недела од вас ќе се бара да сте исклучително прецизни. Ако до сега сте си дозволиле да доцните на работа или состаноци – веќе е дојден крајот на овие ваши права. Само на некој му е преку глава од тоа и ќе ви каже или покаже дека од вас се бара истото, како и од останатите. Не се вознемирувајте излишно, а погледнете непристрасно на ситуацијата. Подгответе ги најубавите зборови, за да излезете полесно од ситуацијата. Навистина ќе треба да вложите напори за да се промените нема друго. Сега се што правите ќе се гледа од сите. Ако ви претстои патување, користете го патувањето, за да погледнете на ситуацијата со нови очи и да се адаптирате кон неа.

Стрелец
Во оваа недела ќе ви биде тешко да здивнете. Ќе треба да контактирате постојано со вашите партнери во бизнисот и колеги. Телефонските повици, состаноци, семинари ќе ви изедат деноноќно. Бидете отворени и насмеани, само така ќе го издржите темпото. Започнувајте го денот со свежо исцеден овошен сок, за да го поддржите организмот. Уште на почетокот на неделата одвојте час за масажа или посета на спа третмани, кои ќе ви го отстранат заморот.

Јарец
Во оваа недела биде темногу внимателен во активностите и патишта. Дури и да мислите дека имате збунувачки проблем, не ризикувајте да го “удавиѕе” во алкохол. Ова може да ви донесе сериозни проблеми не само со здравјето, но и со органите на редот. За помош обратете се кај своите пријатели. Не се гледа само во најлошото, бидејќи така ќе пропуштите еден доста важен настан. Со напредокот на деновите  ќе се обидете да сте помирни и избалансирани. Фокусирајте се на билните чаеви за смирување на нервите. Периодот е добар да започнете едукативен курс.

Водолија
Оваа недела ќе ви даде можност да пронајдете свои скриени способности. Ќе се издигнете во очите на многумина и нема да мора да создадете некоја интрига, за да надитрите нечиј нос. Се разбира, за да блеснете во сета своја светлина ќе треба доста да поработите. Во првиот и последниот ден од работната недела бидете особено внимателни . Затоа пак во средината на неделава ве очекува пријатно изненадување. Не бегајте од домашните обврски за време на викендите.

Риби
Посвете ја неделата на одморот. Оние од вас кои претходно планирале рекреација токму сега може да се пофалат со одличен избор. Одморот  сепак не смее да биде вишок од задоволства. Напротив. Токму сега за вас ќе биде најдобро да се одморите. Секакви љубовни авантури и случајни сексуални искуства ќе имаат доста непријатни последици. Не се чувствувајте ограничени, а едноставно користете ја можноста да се наоѓате себеси повторно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top