| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа пролетни температури

Во Македонија во понеделник по студеното и магловито утро, во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло поради јужното воздушно струење. Попладне наоблачување. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се спуштат до -4 односно до 3 степени, додека пак максималните ќе бидат во пораст и ќе се движат од 9 до 18 степени.

Во Скопје во понеделник во утринските часови појава на слаба магла. Претпладне претежно сончево и топло, попладне зголемување на облачноста. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна до 15 степени.

Од вторник Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок и константен продор на топла воздушна маса од југ која ќе услови стабилно време и пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во вторник претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 12 до 21 степен. Од среда сончево и многу топло. Максималните температури во среда од 14 до 23 степени, во четврток од 16 до 25 степени, а во петок од 17 до 26 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top