Во Клиниката во Тетово било пријавено дека во селото Вратница било пронајдено починато 12-годишно девојче.
Таткото на починатата, откако пристигнал во семејната куќа, насилно ја отворил вратата од тоалетот, бидејќи немало одговор и ја забележал ќерка си легната на подот, без знаци на живот.
Доктор по судска медицина констатирал смрт. Од извршен надворешен преглед над телото на починатото девојче констатирана е една повреда во вид на оток во задниот дел од главата.
Телото ќе биде предаденои на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.