| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал Трибека: Де Ниро го повлече документарецот против вакцините

Роберт Де Ниро одлучи да го повлече од програмата на филмски фестивал Трибека, контроверзниот документарец „Ваксед: Од забошотување до заговор“ (Vaxxed: From Cover-Up to Catastrophe) , во кој отворено  се зборува против вакцинацијата.
Основачот на фестивалот Трибека во Њујорк, првобитно ја бранеше одлуката да се прикаже филмот на Ендрју Вејкфилд на фестивалот кој почнува следниот месец, што наишло на остри критики, особено бидејќи биле дискредитирани аргументите на Вејкфилд, дека вакцината ММР против заушките, малите сипаници и рубеолата е доведена во врска со аутизмот.

Славниот актер чие дете има аутизам, соопштил дека ја променил одлуката и дека се надевал дека ќе даде шанса за разговор за прашањето кое е „длабоко лично“ за него и за неговото семејство.

– Не веруваме дека филмот ќе придонесе за дискусија на која се надевав – изјавил Де Ниро, откако тој и организаторите на фестивалот , како и членовите на научната заедница го погледнале филмот.

Актерот додал дека фестивалот не сака да избегнува контроверзии, но дека се загрижени поради некои од аспектите во тој филм, поради што се откажале од неговото прикажување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top