Рускиот милјардер Михаил Гуцеријев издвои вистинско мало богатство за венчавката на својот син Саид и неговата избраничка Хадиџе (19).
Сопственикот на нафтената компанија „Руснјефт“ инаку 16-ти на листата на најбогати во Русија организираше свадба за која ќе се зборува со години, а тешко дека некој ќе ја повтори.
Младите уживаа во настапите на најголемите светски ѕвезди и тоа Џенифер Лопез, Енрике Иглесијас, Стинг, Бијонсе и Елтон Џон. Настапот на Елтон Џон чинел седум милиони евра, а на Џенифер пет.
– Младите се од многу добри и почитувани семејства. Свадбата беше многу убава, во воздухот имаше многу убава енергија, а водителите направија се да се почитува традицијата и обичаите. Им посакав од се срце заедничка иднина, многу деца и да ги почитуваат своите родители – напиша на инстаграм претседателот на Ингушетија Јенус Бек Јевкуров.
Невестата е студентка на московскиот стоматолошки универзитет „Евдокимов“ а на свадбата носеше фустан изработен од познатиот креатарор Ели Сааб, на кој имало дијаманти и бил тежок 25 килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не ни трепнала: Откриено е што украла Бијонсе од Кејт Мидлтон и како!
-
Стинг и Кајли Миног ќе и пејат на кралицата Елизабета за роденденот
-
Принцеза од мали нозе: Ќерката на Бијонсе има личен стилист, две дадилки, обезбедување, готвач…
-
Пожарот во Лос Анџелес се заканува да ја проголта и куќата на Бијонсе!