
Според кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија, Трамп, шефот на Русија Владимир Путин е силен лидер “и тоа е очигледно”, соопштува ТАСС.
“Велам дека тој е силен лидер. Целосно е очигледно дека тој е силен лидер “, истакна бизнисменот.
Тој додаде дека неговите зборови ниту имаат позитивна, ниту негативна смисла, туку само се констатација. “Никогаш не сум кажал дали Путин е добар, лош или неутрален. Велам дека е силен лидер “, додаде Трамп.
Во декември минатата година за време на предизборен митинг тој имаше слична изјава.
Трамп се осврна и на европската бегалска криза велејќи дека политиката на отворени врати на канцеларката Ангела Меркел ги принудува луѓето да бегаат од “уништена” Германија, која никогаш нема да се опорави од ефектите на масовната миграција.
Според републиканецот, Меркел ја урива сопствената држава, додавајќи дека до пред две години Германците се опишале земјата како “најдобро место на земјата”, но она што се случува сега е “тажно, тажна срам”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


