Популарниот пејач Харис Џиновиќ на својата официјална страна ги демантирал наводите дека вградил вештачки колкови како и дека е во болница.
-Медиумите објавија лажна информација дека пред извесно време имав итна и тешка операција како и дека поради тоа го напуштив учеството во жирито на „Пинк ѕвезди“. Јас веќе три недели сум на турнеја во Америка каде ќе бидам уште десетина дена – напишал Џиновиќ.
Потсетуваме, во медиумите ширум регионот беше објавена информација дека Џиновиќ имал силни болки во колковите и грбот и дека поради тоа пред два месеци имал операција.
Исто така, Џиновиќ ги демантирал и информациите дека парите се причина поради која не учествувал на концертот за Кемал Монтено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.