| четврток, 6 декември 2018 |

Не е во болница: Харис Џиновиќ ја откри причината поради која го напуштил шоуто „Пинк ѕвезди“

Популарниот пејач  Харис Џиновиќ на својата официјална страна ги демантирал наводите дека вградил вештачки колкови како и дека е во болница.

hdz

-Медиумите објавија лажна информација дека пред извесно време имав итна  и тешка операција како и дека поради тоа го напуштив учеството во жирито на „Пинк ѕвезди“. Јас веќе три недели  сум на турнеја во Америка  каде ќе бидам уште десетина дена – напишал Џиновиќ.

9406_46004428_af

Потсетуваме, во медиумите ширум регионот  беше објавена информација дека Џиновиќ имал силни болки во колковите и грбот и дека поради тоа пред два месеци имал операција.

Исто така, Џиновиќ ги демантирал и информациите дека парите се причина поради која не учествувал на концертот за Кемал Монтено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top