Две лица загинаа во сообраќајкната несреќа која се случи попладнево во скопската населба Кисела Вода. Како што неофицијално се дознава, брзале за натпревар. Од МВР соопштуваат дека подоцна ќе има повеќе информации.
Несреќата се случила околу 17:30 часот кај Основното училиште „Круме Кепески“ помеѓу автобус на ЈСП и автомобил „Рено“ 19. На местото на несреќата пристигнале медицинските екипи, против пожарната служба и полиција.
Идентитетот на загинатите засега е непознат.
фото: А1.он
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.