| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското културно наследство патува на „Санкт Петерсбург Експрес“

Македонија за првпат ќе ги презентира археолошките локалитети, античките македонски градови, тврдини, базилики и црквите од раниот и полниот среден век во Русија. Досега, Управата за заштита на културното наследство го покажа богатото историско наследство низ повеќе европски земји, главно земји кои припаѓаат на Медитеранот.

Темата на годинашниот саем во Санкт Петерсбург е „Патувачки поставки“, а Управата ќе се претстави во делот Културен туризам.

„Санкт Петерсбург Експрес“ е еден од најголемите интернационални саеми во Русија, со над 200 учесници од цел свет и со десетици илјади посетители годишно. Овој саем постои уште од 1997 година и е познат по тоа што во негов фокус се културното наследство на земјите-учесници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top