| четврток, 6 декември 2018 |

„Ролинг Стонс“ ја кренаа Куба на нозе, таму таква музика досега беше забранета

Легендарната рок група “Ролинг Стоунс” ја потресе Хавана со раскошен концерт во комунистичка Куба, каде таква музика до неодамна беше забранета. Десетици илјади фанови кои дојдоа да ги слушнат британските ѕвезди, аплаудираа групата во спортскиот комплекс Ciudad Deportiva во кубанската престолнина.

8202047d7262436294039955bc8020f4-7c2039ae005943f1b9b1b16c6fcb7feb-0

На концертот имаше и неколку големи екрани. Фронтменот Мик Џегер, облечен со јакна со обоени монистра, го започна шоуто со “Jumpin ‘Jack Flash”, проследено со “Тоа е само рокенрол.”

Публиката вклучуваше постари парови, семејства, туристи и многу млади луѓе. Илјадници стоеја по околните улици во близина на центарот на градот, а жителите на населбата, се качија на покривите, за да ја видат сцената. Музиката се слушаше јасно на повеќе од половина милја (еден километар) надалеку.

Part-MVD-Mvd6749038-1-1-0

Во отсуство на билети за влез кубанските државни медиуми проценуваат дека се собрале околу 500 000 луѓе. Некои беа спиеле во текот на ноќта, за да го заземаат најдобро место на концертот. Многу други се собраа околу шест часа пред почетокот на концертот.

“Ние не бевме меѓу првите, но од тоа место сме сигурни дека нема да пропуштиме ниту еден детаљ”, рече фанот на “Ролинг стоунс” 27 годишниот Свениен Moрера.

Полицијата беше на место и алкохолот беше забранет.

Настанот покажа дека Куба конечно излегува од идеолошката и економската изолација по децении комунистички режим. “Мислам дека ќе заплачам”, изјави 62 годишниот Мигел Гарсија, кој беше дошол со автобус од Сиенфуегос во јужниот дел на Куба и спа на теренот за да заземе поудобно место на самиот концерт “.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top