Францускиот претседател Франсоа Оланд смета дека терористичката мрежа која ги изврши атeнтатите во Париз и Брисел „е на пат да биде уништена“, но „има други мрежи кои претставуваат закана“ јавува дописникот на МИА од Париз.
Изјавата Франсоа Оланд ја даде при приемот на поранешниот израелски премиер Шимон Перес.
– Ние имаме резултати при потрагата по терористите, како во Брисел, така и во Париз, имаше извесен број на апсења, но ние знаеме дека има други мрежи. Но, иако таа која што ги направи атенатите во Париз и Брисел е на пат да биде уништетна, секогаш постои закана која лебди, рече шефот на француската држава.
– Ние се грижиме за да биде почитувано правото на азил и истовремено да можеме да ги контролираме нашите надворешни граници, додаде тој, потстетувајќи на договорот меѓу ЕУ и Турција.
– Ние знаеме дека има други мрежи кои можат да постојат или да бидат користени од Даеш, Исламската држава, за која занеме дека подготвува атентати. Потребна е голема внимателност, додаде Оланд.
– Па и ако има разоткриени планови за атентати, па и ако има уапсени терористи, ние сме секогаш пред заканата и ние треба да бидеме претпазливи, со потребна ефикасност и координација на нашите акции на ниво на Европа и на ниво на светот, заврши францускиот претседател.
Белгиската полиција денеска спроведе акција во Шаербек во бриселскиот регион акција за апсење на џихадисти, откако вчера вечер француската полиција уапси еден џихадист кој планираше атентати, со планови во напредна фаза во парискиот регион. При денешниот претрес се пронајдени значајни количини на оружје, муниција и експлозивни материјали во станот на уапсениот Реда Крикет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак