Зборувајќи за политиката, САД и Pussy Riot, Путин стигна да објасни зошто некогаш групниот секс е подобар отколку еден на еден.
Групниот секс бил на тема на интервјуто, во делот кога се зборувало за Pussy Riot, кога Путин објаснил дека веројатно дел од вината на властите е што не обратиле повеќе внимание на групата кога снимила јавна оргија и ја објавила на интернет.
„Секако дека секој има право да прави што сака се додека тоа е легално. Знаете, некои фанови на групниот секс објаснуваат дека тој е подобар отколку еден на еден, бидејќи како и во секој тим, не мора ти цело време да ја шутираш топката,” го објаснил рускиот претседател искуството на „некои фанови” на групниот секс.
На посериозните теми, Путин порачал дека односите меѓу САД и Русија имаат огромен напредок, но дека и понатаму е нервозен околу ракетниот штит што го предлага САД. Освен ова, не му е сеедно што Ромни ја смета Русија за број 1 непријател.
Тој ја поврзал поддршката на бунтовниците во Сирија, со американската поддршка на вооружените групи во Авганистан за време на војната со Советскиот сојуз. “Некој треба да го отклучи Гвантанамо, да ги вооружи сите затвореници, да ги донесе во Сирија и тие да се борат против властите – во основа тоа е ист тип на народ.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.