| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 30 луѓе загинаа при самоубиствен напад на фудбалски натпревар во Ирак

irak-teroristiНајмалку 30 лица загинаа, а 60 се повредени во денешниот самоубиствен напад што се случи за време на фудбалски натпревар во Искандерија.

Напаѓачот носел појас со експлозив што го активарал меѓу публиката на аматерскиот фудбалски натпревар во Искандарија, околу 40 километри јужно од Багдад.

– Кога победниците го примаа трофејот бомбашот-самоубиец се разнесе меѓу публиката – изјави полициски претставник.

Лекарите потврдија дека меѓу загинатите е и градоначалникот на Искендерија, кој починал во болница.

Се уште никој не презел одговорност за нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top