Опрема за подобрување на квалитетот на дарувањето крв, во вредност од 50.000 евра, денеска е донирана на Институтот за трансфузиска медицина – Скопје.
Донацијата е дел од проектот „Подобрување на едукативните стандарди во медицинската технолошка индустрија со воведување иновации во крвните банки”, кофинансиран од Германската влад, СЕКУА (SEQUA develoPPP.de) и ЛМБ Технологие ГмбХ (Lmb Technologie GmbH (Schwaig/Germany).
Претставникот на компанијата Драган Јанковиќ истакна дека станува збор за најсовремена опрема, која тие ја произведуваат и претставува врв во медициската технологија, чија примена ќе го подигне технолошкото ниво на работа на Институтот за трансфузиска медицина.
Директорката на Институтот Емилија Велкова, заблагодарувајќи се за донацијата, посочи дека таа се состои од два стола за дарување крв и од поголем број мешалки за преземање крв и крвни компоненти и силери-термосекачи.
– Сета опрема ќе придонесе за унапредување на крводарителството, односно за зголемување на сигурноста на крвта и на крвните компоненти кои ги даваме кај пациентите во целата држава во поглед на европските стандарди – рече Велкова.
Установата во последните три години од проекти и донации добиена е опрема во вредност од милион евра, која го подобри квалитетот на крвта и крвните компоненти, посочи директорката на Институтот Велкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“