| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на проекти на студентите од „Американ колеџ“ во Даут-пашин амам

Секоја година „Американ колеџ“ организира експо на најдобрите практични проекти на студентите, а оваа година, Универзитетот Американ колеџ Скопје  го одржа настанот во Даут-пашин амам.

Најголем впечаток остави проектот од Факултетот за маркетинг каде што група студенти имаат идеја конкретена винарија на пазарот да почне со производство на сирења и на тој начин да ја пласира својата понуда на пазарот.

Како што истакнува и Стив Џобс своевремено „останете гладни и будалести“, односно битно е да не се сосече ентузијазмот што го имаат студентите и да ги испробаат своите идеи во реалноста, за која се максимално подготвени. Доказ за тоа се и веќе дипломираните студенти, кои имаат успеано со свои проекти, кои се исто така изложувачи на овој настан.

Гости на овој настан покрај студентите и алумни на УАКС, беа и високи претставници на компании членки на деловниот совет на УАКС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top