Секоја година „Американ колеџ“ организира експо на најдобрите практични проекти на студентите, а оваа година, Универзитетот Американ колеџ Скопје го одржа настанот во Даут-пашин амам.
Најголем впечаток остави проектот од Факултетот за маркетинг каде што група студенти имаат идеја конкретена винарија на пазарот да почне со производство на сирења и на тој начин да ја пласира својата понуда на пазарот.
Како што истакнува и Стив Џобс своевремено „останете гладни и будалести“, односно битно е да не се сосече ентузијазмот што го имаат студентите и да ги испробаат своите идеи во реалноста, за која се максимално подготвени. Доказ за тоа се и веќе дипломираните студенти, кои имаат успеано со свои проекти, кои се исто така изложувачи на овој настан.
Гости на овој настан покрај студентите и алумни на УАКС, беа и високи претставници на компании членки на деловниот совет на УАКС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Иселените млади ќе ги враќаа, а на студентите им кратат од храната: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови