| четврток, 6 декември 2018 |

Ненадејно почина комичарот Гери Шендлинг

Американскиот актер и комичар Гери Шендлинг почина синоќа во Лос Анџелес на 66-годишна возраст.

Како што јавија американските медиуми, Шендлинг, кој се прослави со комичната серија „Шоуто на Лери Сандерс“, починал ненадејно, најверојатно од инфаркт.

Претставник на полицијата информира дека Шандлиг починал од „природна смрт“ и дека нема ништо сомнително во случајот. Тој информира дека комичарот синоќа бил пренесен со возило на брзата помош од неговиот дом во една болница во Лос Анџелес, каде што и починал.

Шендлинг ја доби наградата „Еми“ во 1998 година. Во периодот од 1990 година до 2004 година тој во пет наврати беше водител на доделувањето на наградите „Греми“ и „Еми“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top