Се чини дека љубовта меѓу Каспер Смарт и Џенифер Лопез цвета. После сите бранувања во нивната врска, тие се уште се заедно и среќни. Сепак се најавуваат проблеми во рајот. Имено Каспер сака деца, а на Џеј Ло изгледа и се доволни двете деца кои ги доби во бракот со Марк Ентони и не сака уште деца.
Неодамна Џенифер изјави дека сака барем четири деца, што Каспер го направило бескрајно среќен, меѓутоа подоцна пејачката рекла дека се шегувала и дека нема намера да има уште деца. На нејзиното момче оваа шега не му се допаднала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.